Иако истрагата тврди дека Крпач се самозастрелал, чаури се најдени и на паркингот пред зградата во која што живеел, со што се отвори сомнежот за убиство или самоубиство

Објавил: Мартин Попоски | 4 ноември, 2018 11:36

(Само)убиството на Коста Крпач со нови сознанија?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

(Само)убиството на првиот сведок на СЈО, Коста Крпач и по 2.5 години сеуште е нерешена енигма, како дознаваме, Основното јавно обвинителство Скопје сеуште прибира докази.

Иако во јуни 2016 година, скопското обвинителство потврди дека 40 годишниот академски сликар, Коста Крпач, сведок на СЈО, и ексдиректор на компанијата „Финзи“, се самоубил, сепак предистрагата и натаму е отворена, потврдуваат од Основното јавно обвинителство Скопје.

Оттаму велат дека се уште ги чекаат запсиниците за мистериозната смрт во скопски Капиштец од пред 2 години за да утврдат дали некој му се заканувал на Крпач.

Надлежниот јавен обвинител од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ги побара записниците од изјавите на Коста Крпач дадени пред тоа обвинителство со цел да се утврди дали тој во исказот споменал дека некој му се заканува и посочил конкретни лица. Одговор на ова барање не е пристигнат во Основното јавно обвинителство Скопје. – велат од Обвинителството.

Од специјалното јавно обвинителство не одговорија на прашањата дали од записниците дошле до нови сознанија и зошто исказот на Крпач не им е испратен на колегите од скопското обвинителство. Неофицијално, во предистражната постапка за смртта на Крпач се добиени нови сензитивни информации.

Според полициските информации, пред да биде пронајден мртов во својот дом, Крпач во 13:20 часот испукал 4-5 истрели со огнено оружје кои завршиле во возило „фургон“, сопственост на фирма ДТУ „Огнометика“, кое било паркирано спроти влезот на зградата во која што живеел.

Коста Крпач беше едно од 56 лица кои ги помилува претседателот Ѓорге Иванов.

СЈО соопшти дека Крпач бил сведок во една од предистражните постапки што ги водело Обвинителството, но не бил осомничен, па јавно побара од претседалот Иванов да каже како Крпач се нашол на неговиот список на аболицирани лица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.