Чепреганов посочи дека менување на името на државата значи и нова конструкција на народ кој всушност подразбира нов народ

Објавил: admin@magazin | 25 јуни, 2018 13:15

“Свесно и самоволно си ја укинуваме целата историја”

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Тодор Чепреганов, познат историчар и долгогодишен директор на Институтот за национална историја вчера во емисијата „Во Центар“ кај Васко Ефтов, рече дека по договорот со Грција, како народ не нема, и дека свесно самоволно си ја укинуваме целата историја.

Чепреганов е роден на 20 септември 1955 година во Штип, каде завршил основно училиште. Гимназија завршил во Скопје, а дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје на Група историја во 1979 година. Магистрирал во 1989 година на тема „Одгласот на ослободителната војна и револуција во Југославија во печатот на САД (1941-мај 1945) со осврт на Македонија“, а докторирал во 1993 година на тема „Велика Британија и македонското прашање во светлината на меѓународните односи (2 август 1944 – 1949)“, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во учебните 1995-2000 година во рамките на програмата „Study Abroad at UKIM“, го предавал предметот „Историја на балканските народи“

– До овие чекори кои беа преземени со потпишувањето, со менување на името, Македонија си имаше своја историја. Меѓутоа гледаме дека со многу настани кои што се случуваат, и потпишување на многу договори, политичарите знаат да ги окарaктеризиират како историски. Еве и овој договор е окарактеризиран како историски договор. Рамковсниот договор е историски договор велат, Пржинскиот договор е историски, Договорот со Бугарија е историкси договор, Договорот со Грција е историски и сега моето прашање кон вас, овие сите историски договори се историски ама на крајот ја нема историјата на тие за кои што се потпишува, ги нема Македонците и македонската држава станува нешто сосема друго, значи во историските договори нас не нема. Какви се тие историски договори кога ние се самоуништуваме?, одговори историчарот Тодор Чепреганов на прашањето кое му беше поставено од Ефтов, дали воопшто има историја за која Македонците можат да ја наречат дека е нивна?

Чепреганов посочи дека менување на името на државата значи и нова конструкција на народ кој всушност подразбира нов народ.

Тој истакна дека со потпишување на Договорот, со враќање на македонците на словенството и бришење на се она што било од тој период до денес, испаѓа дека македонскиот народ е донесен на овој простор и ја узурпирал оваа територија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.