Тепачка во Кавадарци

Објавил: Мате Парлоф | 10 јуни, 2023 20:20

СВР Велес со детали за тепачката меѓу директорите во Кавадарци

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

– Денеска околу 01.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги привеле С.П.(54) и Ѓ.Ѓ.(39), двајцата од Кавадарци затоа што пред угостителски објект во Кавадарци го нарушиле јавниор ред и мир и агресивно се однесувале кон лица од обезбедувањето.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, појасни за МИА Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Градоначалникот Митко Јанчев рече дека по информациите добиени од МВР, во понеделник ќе преземе чекори и најави разрешување на директорите на основни училишта.

Видеото објавено на социјалните мрежи предизвика бурни реакции во јавноста!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.