Група од неколкумина прво го демолирале возилото на роднината, па почнале да го тепаат.

Објавил: Перо Милчин | 16 ноември, 2021 17:57

ГРУПНА ТЕПАЧКА ВО КАВАДАРЦИ СО ФАТАЛЕН КРАЈ – УБИЕН МАЖ, ЗА УБИСТВОТО ОСОМНИЧЕНО ЕДНО ЛИЦЕ

Фото/Текст извор: ©24.мк/магазин

Шок и неверување кај жителите на кавадаречкото Брушанско маало, откако синоќа, половина час пред полноќ беше убиен нивниот сосед, 59-годишниот Зулфи Пашов. Бил прободен со нож, обидувајќи се да спаси негов роднина од ќотек.

Група од неколкумина прво го демолирале возилото на роднината, па почнале да го тепаат.

Пашов притрчал да ги смири и да ги раздвои, но толпата му се нафрлила и нему. Во еден момент, еден од нив, кој е осомничен за убиството, замавнал со дрво и го удрил Пашов по главата, по што го турнал на подот, а потоа неколкупати го избодел со нож во пределот на градите.

Од здобиените повреди, на пат кон итната медицинска помош, Пашов починал. Убиецот побегнал, но на местото на настанот имало сведоци. Еден од нив е Аце Фазлиов, роднина на убиениот.

Според неофицијални информации, причината за инцидентот е семејна расправија, во врска со старателство на дете. Полицијата сомничи 45-годишен жител на Кавадарци, сосед на убиениот. Неколку часа по убиството тој бил во бегство.

Во пронаоѓањето на осомничениот учествувал и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, кој ноќта успеал да стапи во контакт со него и да го убеди да се предаде на полицијата. Јанчев потврди дека тој лично го пречекал осомничениот кај Росоман и со свое возило го предал на полицијата.

Попладнево на осомничениот за убиство му е одреден 30-дневен притвор. Јавен обвинител направи увид и нареди обдукција на телото на убиениот. Во меѓувреме, полицијата повикала уште четворица кавадарчани, за кои се сомнева дека учествувале во тепачката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...