Рекорден раст во 2018 на платите, а тие растат и во 2019, па просечната плата во јануари е зголемена за 2 отсто.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 март, 2019 23:41

СДСМ го возврати ударот: Откако сме ние на власт платите растат

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Откако опозициската партија ВМРО- ДПМНЕ излезе со аргументи дека просечната плата во земјава е намалена за 1200 денари, од СДСМ го возвратија ударот.

Во денешното соопштение објавено на официјалната веб страна на СДСМ стои дека откако се тие на васт има рекорден раст во 2018 на платите, а тие растат и во 2019, па просечната плата во јануари е зголемена за 2 отсто.

Ви го пренесуваме во целост соопштението на СДСМ:

По рекордниот раст на просечната плата во декември 2018 година од 8,1 отсто, продолжува растот на платите.

Платите растат и во 2019 година. Според официјалните податоци, просечната плата во јануари оваа година изнесува 24.517 денари, што е за 2 отсто повисока од просечната плата исплатена во јануари 2018 година.

Трендот на раст на платите што започна со зголемувањето на минималната плата, дополнително ќе се интензивира во следниот период. Платите ќе растат во сите сектори, предвидени се покачувања на платите од 5 отсто во образованието, здравството, детските градинки, одбраната, полицијата, судството. Позитивните економски политики и зголемената помош кон претпријатијата, отвораат можност за раст на платите и во приватниот сектор.

По рекордниот број странски инвестиции, растот на индустриското производство и извозот, растот на просечната плата е последниот економски показател што ја докажува успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.

Вратена е довербата во економијата, растат платите, се отвораат нови работни места, невработеноста опаѓа.

Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките и политиките што обезбедуваат економски раст и развој, нови работни места, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести