Во Хрватска досега се потврдени 46 случаи на инфекција.

Објавил: Мартин Попоски | 15 март, 2020 9:42

Седум нови случаи на корона во Хрватска: Заразени се вкупно 46 лица!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Хрватска се пријавени седум нови случаи на вирусна корона, објави министерот за здравство Вилијам Берос на прес-конференција утрово.

Директорката на Клиниката за инфективни болести Фран Михајлевиќ, Алема Марковиќ изјави дека сите заразени имаат лесни симптоми. Нивните контакти се проверуваат, изјави претставник на Хрватскиот институт за јавно здравје, пренесуваат хрватските медиуми.

Во Хрватска досега се потврдени 46 случаи на инфекција.

Во Македонија од вчера има шест нови случаи на коронавирус, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Во Македонија од вчера има шест нови случаи на коронавирус, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Со тоа во државата досега има вкупно 18 заболени со опасниот вирус. Една од нив е пациентка која стигнала доцна синоќа од Барселона. Во авионот патувала со заштитна маска и ракавици, имала симптоми и не се чувствувала добро. Се јавила кај лекарската екипа сама, по што е изолирана и однесена на Инфективна клиника. Сите 51 патници од авионот со кои патувала се ставени во изолација, под надзор. Патничката која допатувала од Барселона е од Скопје, а останатите петтмина новозаболени се од Дебар, информира министерот за здравство Венко Филипче.

„Вкупно 18 пациенти во државата се заболени од корона вирус, на Инфективна клиника има 13 , а 5 новодијагностицирани ќе останат во болницата во Дебар, таму има епидемиолог и двајца инфектолози. Сите се со лесна клиничка слика. Следните денови уште еден инфектолог од Скопје ќе се придружи на екипата во Дебар“ рече Филипче.

Владата го задолжи Министерството за здравство на секој наш граѓанин кои доаѓа од странство да му овозможи да потпише документ за самоизолација.

„Со седење дома се помага да се зачува јавното здравје, да се стави рампа на ширење на вирусот, ние сме во фаза кога не знаеме што не очекува, имаме само едно место на локална трансмисија. Многу земји очекуваат пикот на вирусот да биде на крај на март и почетокот на април. Болничките установи кај нас се подготевни за се “, рече Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.