Омилениот градоначалник на Москва, Сергеј Собјанин, од партијата на рускиот претседател Владимир Путин, во кабинетот на функцијата е од 2010-та година

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 септември, 2018 8:43

Сергеј Собјанин освои 74 отсто од гласовите за избор на градоначалник на Москва

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кандидатот за градоначалник на Москва, од партијата на Владимир Путин, Сергеј Собјанин освои 74 отсто од гласовите од жителите на Москва кои вчера излегоа на гласачките места.

Изборниот резултат претставува зголемување на довербата за речиси една четвртина повеќе отколку на претходните избори во 2013 година, кога беше избран за градоначалник.

Втор, по бројот на добиени гласови е кандидатот на комунистите Вадим Кумин со 10 отсто од гласовите, покажуваат податоците од од излезените анкети.

По преброените 56.3 отсто од гласачките ливчиња, Собјанин доби 69.54 отсто од гласовите. Вадим Кумин од Комунистичката партија освои 11.65 отсто соопшти Изборната комисија.

Прес службата на Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин му ја честитал изборната победа на Собјанин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.