Да не се укинат сертификатите, ама невакцинираните граѓаните кои прележале ковид пред шест месеци да можат да влезат во трговски или кафеана. Ова е најновиот предлог на Комисијата за заштита од заразни болести која по две години од пандемијата ѝ сугерира на Владата да се признава и природниот имунитет, па сертификатот за прележаност да важи околу колку што отприлика трае и оној од вакцината.

Комисијата за заразни болести периодов крои план за стимулација за имунизација, па иако нема намера да препорача задолжителна вакцинација за возрасното население, силно апелира, оние кои веќе примиле две дози да се одлучат и за трета. Во јануари, има евидентирано шест лица кои примиле трета доза, но ја загубиле битката. Сите имале други болести, како карцином, срцеви слабости и дијабет, па од Комисијата велат дека со бустер дозата ризикот од смрт е намален за околу 95 %.

Од Комисијата од каде што сметаат дека децата треба да носат маски во училниците, посочија и дека во училиштата ќе се прави скрининг со поинаков пристап од досегашниот, па сега ќе се тестираат оние деца кои биле во контакт со заразен, па по добиениот негативен тест, наместо да бидат во изолација, веднаш ќе се вратат во училишните клупи.

Објавил: admin@magazin | 8 февруари, 2022 20:32

Сертификатот по прележана болест наместо 45 дена да трае 180 дена, предлага Комисијата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Комисијата за заразни болести предлага важноста на потврдите на лицата кои прележале ковид од 45 дена да биде 180 дена, како што долго време бараше стручната јавност!

Да не се укинат сертификатите, ама невакцинираните граѓаните кои прележале ковид пред шест месеци да можат да влезат во трговски или кафеана. Ова е најновиот предлог на Комисијата за заштита од заразни болести која по две години од пандемијата ѝ сугерира на Владата да се признава и природниот имунитет, па сертификатот за прележаност да важи околу колку што отприлика трае и оној од вакцината.

Комисијата за заразни болести периодов крои план за стимулација за имунизација, па иако нема намера да препорача задолжителна вакцинација за возрасното население, силно апелира, оние кои веќе примиле две дози да се одлучат и за трета, пренесе Канал 5!

Во јануари, има евидентирано шест лица кои примиле трета доза, но ја загубиле битката. Сите имале други болести, како карцином, срцеви слабости и дијабет, па од Комисијата велат дека со бустер дозата ризикот од смрт е намален за околу 95 %.

Од Комисијата од каде што сметаат дека децата треба да носат маски во училниците, посочија и дека во училиштата ќе се прави скрининг со поинаков пристап од досегашниот, па сега ќе се тестираат оние деца кои биле во контакт со заразен, па по добиениот негативен тест, наместо да бидат во изолација, веднаш ќе се вратат во училишните клупи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.