Иако Јахоски му вети на Ахмети 100 отсто излезеност на референдумот, во Пласница на гласање беа само 47.56 отсто од избирачите, по што наградно доби 2 нови државни тендери

Објавил: Мартин Попоски | 9 октомври, 2018 8:24

Се е минливо, само “Пуцко петрол” е вечен, со 2 нови тендери, за МВР и Општина Битола

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Фирмата “Пуцко петрол” во сопственост на градоначалникот на Пласница од ДУИ, Исмаил Јахоски, доби уште два нови тендери.

Овој пат од Општина Битола за набавка на лесно масло за горење – екстра лесно масло за затоплување ЕЛ-1 за потребите на општината, основните училишта, средните училишта и детските градинки во надлежност на Општина Битола во вредност од 34 милиони и 113 илјади денари, односно 554.000 евра.

Јахоски добил и тендер распишан од Министерството за внатрешни работи за набавка на гориво и течен гас со вредносни ваучери со вкупна вредност од 13 милиони и 924 илјади денари или 226.406 евра.

Според Бирото за јавни набавки, “Пуцко петрол” во периодот од 1 јуни 2017 година, кога дојде до промена на Власта, до денеска има добиено преку 400 тендери за снабдување на државни институции со гориво со севкупна вредност од над 2.1 милијарда денари или околу 34.5 милиони евра.

Градоначалникот што доби 100 тендери за 3 месеци на Ахмети му вети 100% излезеност

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.