Белгискиот посредник во преговорите за Договорот од Пржино, Питер Ванхауте, со порака до владата на Заев и Ахмети да не дава оставка. туку да започне со уставни измени

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 октомври, 2018 7:16

Се огласи и Ванхауте “мачката”, се подготвува Пржино 4?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Белгискиот посредник во преговорите за Договорот од Пржино, Питер Ванхауте им честиташе на граѓаните кои гласаа на референдумот.

Тој и порачува на Владата да не дава оставка и, како што вели, една изгубена битка не значи дека се е изгубено.

Ја повикувам Владата да не дава оставка, туку да продолжи со својата работа, тоа е вашата должност. Не губете време и пари на предвремени избори повторно, туку ангажирајте се во решавање на многуте проблеми во вашата држава. – порачува тој.

Тој додава дека е возможно прифатливо решение за проблемот со името, базирано на договорот со Грција.

Ванхауте изразува и жалење што од 2016 година не се направени сериозни напори за детален преглед на избирачкиот список и преиспитување на начинот како да се справи државата со многуте граѓани кои ја напуштаат земјата и живеат во странство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.