сабота, 27 април 2024

MK/ EN/ DE



Иванна сега ја извршува функцијата советник за меѓународна политика, велат од Владата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 октомври, 2019 14:52

Иванна Хаџиевска веќе не е во протоколот на Заев

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото женски магзин

Поранешната новинарка и ТВ водителка Иванна Хаџиевка која до пред извесно време беше во протоколот на премиерот Зоран Заев,  повеќе не ја извршува таа функција, пренесува Пресинг ТВ.

Иванна Хаџиевска повеќе не е дел од протоколот на премиерот Заев

Иванна сега ја извршува функцијата советник за меѓународна политика, велат од Владата.

Советничката Иванна Хаџиевска Кошевалиски не е разрешена туку има промена во делокругот на нејзиниот ангажман. Таа е ангажирана како советник за меѓународни односи и соработка со меѓународни и домашни организации. Лице задолжено за протокол во кабинетот на премиерот е Елена Ласло – велат од Владата за Пресинг ТВ.

пред две години во интервју во За СЕ.мк Иванна изјави дека и е големо задоволство да се работи со премиерот Зоран Заев.

„Да се работи со премиерот Заев е огромно задоволство. Но, не затоа што се работи за премиер на државата, туку, пред сѐ, затоа што јас работам за човек, а потоа за политичар“, ни открива Хаџиевска. Таа вели дека како дипломиран социолог, а подоцна и магистер на политички науки, по некој редослед на настаните се нашла во оваа политичка приказна. „Политиката можеби не е во центарот на моето работење, но ако некогаш решам да се занимавам со политика и да станам политичар, навистина имам добра подготовка“,  изјави Иванна.

Имено јавноста има поделени мислења за тоа дали новата позиција е награда или пак казна за тоа што “заборави“ кое е знамето на Австрија и при посетата на канцеларот Себастијан Курц таа го пречека со литванско знаме.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.