недела, 5 мај 2024

MK/ EN/ DE



На Катица Јанева и се одземени неколку кревети, а на Бојан Јовановски мебел, лична гардероба и чанти.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 октомври, 2019 15:47

Се продаваат креветите на Јанева и мебелот, чантите и гардероба на Боки 13

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани, во интервју за „Вечер“, говореше за одземените предмети на Бојан Јовановски и Катица Јанева, осомничена во случајот „Рекет“.

Јанева добила на подарок предмети и мебел во вредност од 298.000 денари или околу 5 илјади евра.

„На Катица Јанева и се одземени неколку кревети, а на Бојан Јовановски мебел, лична гардероба и чанти. Парични средства, вили и станови не им се одземени. Ние сме известени само за овие работи и истите сме ги одзеле, а за другите предмети постапката сè уште трае. Овие работи им се одземени и се доставени од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал, а ние како Агенција за управување со одземен имот имаме обврска истите да ги сместиме, чуваме и продаваме“, истакна Асани.

Како што додаде тој, голем број на возила така стојат на плацовите и скапуваат.

„Точно е дека голем дел од возилата скапуваат на плацови. Во Македонија по плацовите има над 10.000 возила и прават проблем на други институции на Царинска управа, на Министерството за внатрешни работи, на Шумска полиција, на Национални шуми и затоа ние почнавме да работиме токму со возилата. Агенцијата постои од 2009 година, а прва продажба на старо железо била извршена по шест години, односно дури во 2015 година. Втората и третата продажба се извршени во 2016 година и во овие две години се продадени вкупно 350 возила. Тоа значи по седум години Агенцијата продала над 350 возила како старо железо. Од 2017 до 2019 година се спроведени четири продажби и се продадени околу 900 возила. Со петата продажба се надеваме дека бројот на продадени возила ќе биде над 1.400, бидејќи со тоа што веќе има 650 пресуди оваа продажба ќе биде најмалку 500 возила“, порача Асани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.