Млекарницата во 99 отсто е во сопственост на ЗК Пелагонија во кој ко-сопственици се Јордан Камчев и Цветан Панделески, директор на Пелистерка, осомничени во "Империја" на СЈО

Објавил: Мартин Попоски | 23 ноември, 2018 6:07

Се продава млекарница “Здравје Радово” на Камчев

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Најголемата млекарница во Македонија „Здравје Радово“ е на продажба, откако извршител на 16-ти месецов влегол во компанијата и извршил заплена на сопственичкиот удел.

По првичната информација дека продажбата ќе ја прави НЛБ Тутунска банка, од каде што „Здравје Радово“ земало кредити без да ги врати, од банката реагираат дека во моментов не водат никаква постапка за присилна наплата од млекарницата. Како што објаснуваат, имаат почнато постапка за присилна наплата против должникот ЗИК Пелагонија, заради наплата на побарувања преку заплена на удел кој должникот го поседува во „Здравје Радово“.

Според документ објавен во Централниот регистар, компанијата должи 4 милиони и 300 илјади евра како главен долг, 20 илјади евра камата и 9 илјади евра трошоци за извршител.

Како сопственици во млекарницата се јавуваат две фирми – 99% се во сопственост на Земјоделкиот комбинат Пелагонија, а 1% поседува компанијата Пелагонија Енерџи ДООЕЛ.

Сопственици на ЗК Пелагонија се Орка Холдинг на Јордан Камчев, Цветан Панделески и контроверзната оф шор фирма „Ексико“, двајцата притворени за случајот „Империја“ на СЈО во кој се товарат за злосторничко здружување, оштетување и повластување на доверители, злоупотреба на службена положба, измама и перење пари

Летово, Собранието на акционери на земјоделскиот комбинат најави дека продава удели во неколку фирми, меѓу кои и Пелагонија Енерџи ДООЕЛ. На продажба беше ставен единствениот удел од 100 проценти за цена не помала од 8.5 милиони евра.

Преземањто на „Здравје Радово“ почна во 2015 година, кога Камчев и Панделевски станаа малцински акционери. Потоа, во 2017 година ЗК Пелагонија ја купи во целост млекарницата за 12.6 милиони евра, однсоно Камчев и Панделески си ги продале сами на себе акциите на нивната ЗК Пелагонија.

„Здравје Радово“ има погони во Битола, Куманово и Струмица и дистрибутивни центи во скоспко Трубарево и Битола, а вработува над 300 лица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.