Исфрлени 20 тони вода

Објавил: Калина Мартинска | 15 април, 2024 10:00

Се шири пожарот на Шара, во близина на селото Селце

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Пожарот на село Селце не е локализиран. Напротив, тој е проширен, информираат од Јавната установа Национален парк „Шар планина“.

Од утрово на терен се девет ренџери, тетовските пожарникари, а во гаснењето на пламените јазли помага и локалното население.

И денеска се очекува помош за гаснење од воздух, иако вчера воздухопловните сили на министерството за внатрешни работи исфрлија седум ведра вода.

Пожарот на село Селце се појави на 11 април, на тешко пристапен и оддалечен терен, локација која и претходно горела. Иако во саботата беше ставен под контрола, поради неповолните временски услови состојбата дополнително се влоши.

Пријавени повеќе пожари во ЦУК во последното денониќие

23 пожари на отворено, два се уште се евидентираат како активни, 1 973 повици на 112 Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 23 евидентирани пожари на отворен простор во последното деноноќие, од коишто утрово два се уште се активни.

Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека пожарот кој започна пред неколку дена кај с.Ѓермо, Општина Тетово е се уште активен. Пожарот сега се наоѓа над село Селце на оддалечен и тешко пристапен терен, а гори букова шума, ливади и меѓни стебла и ниска вегетација. Во текот на денот во негово гаснење интервенирале четири лица од НП Шар Планина со едно теренско возило, и 4 пожарникари од ТППЕ Тетово кои имале помош и од мештаните. Во текот на денот во гаснењето интервенирал и 1 хеликоптер на МВР што испуштил вода во седум налети врз пожарот.

Според последните информации добиени од одговорни лица од НП Шар Планина и ТППЕ Тетово пожарот е се уште активен и истиот има тенденција да се шири. Поради настапување на ноќта екипите во 19.10 часот се повлечени од терен, а со интервенција ќе се продолжи во утрешниот ден во раните утрински часови.

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека пожарот кој беше активен над с.Велушина на ден 13.04.2024 година во текот на ноќта беше изгаснат, но на ден 14.04.2024 година дошло до негово повторно активирање и во моментот со пожарот е зафатен папрат, смрека и шума над с.Остерец на Баба Планина. Во текот на денот во негово гаснење интервенирале 4 лица од ЈП Национални шуми-подружница Кајмакчалан од Битола и 4 пожарникари со 2 ПП возила кои поради настапување на ноќ се повлечени од терен. Според последните информации пожарот е на непристапен терен и горат суви лисја и гранки .Нема опасност по населени места и НП Пелистер. За настанот се известени релевантните субјекти од Системот за управување со кризи (СУК).

Инаку, биле изгаснати 21 од вкупните 23-те пожари на отворен простор, во последното деноноќие. Во ЦУК имало вкупно 1 973 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 55,45%, а 44,55% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 55,78%, кон Итната медицинска помош 30,35%, а кон пожарникарите 10,40% од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Инаку, имало 991 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање 3,47% од „реалните“ повици и 44,55% на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК). ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено, за редовно чистење на локалните одводни канали, а и да не се фрлаат отпадоци во нив.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Види и ова:

Македонија конечно има авиони за гаснење пожари, ама сега нема кој да ги лета

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.