Тој предупреди дека пандемијата на коронавирусот се влошува, иако постои впечаток дека ситуацијата се смирува.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 јуни, 2020 11:21

СЗО: Ситуацијата со коронавирусот се влошува!

Фото/Текст извор: ©Курир.мк

Тедрос Аданом Гебрејсус, директорот на СЗО предупреди дека пандемијата на коронавирусот се влошува и откри нови жаришта на опасниот вирус.

Светска здравствена организација или СЗО (англиски: World Health Organization, WHO) — посебна организација на Обединетите нации која делува како координативно тело на меѓународното јавно здравство. Седиштето и е во Женева во Швајцарија. СЗО ја основале ООН на 7 април 1948 година. Моментален (2008.) генерален директор е д-р Маргатет Чан. СЗО е наследничка на Здравствената организација (Health Organization), која била агенција на Лигата на нациите.

Тој предупреди дека пандемијата на коронавирусот се влошува, иако постои впечаток дека ситуацијата се смирува.

„Иако се чини дека заразата во Европа се смирува, две третини од случаите на Ковид-19 доаѓаат од 10 земји во Северна и Јужна Америка, како и Азија“, изјави денес првиот човек на Светската здравствена организација.

Тој предупреди дека опуштањето е најголемиот непријател и апелираше сите земји во светот да спроведуваат „активен надзор“ на епидемиолошката ситуација.

„Без надзор и мерки на заштита, можно е вирусот повторно да се прошири“, изјави првиот човек на СЗО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.