Во моментов актерката  е однесена пред Основниот кривчен суд во Скопје, каде чека да биде изведена пред судија на претходна постапка, по барање за одредување мерка притовр од Јавното обвинителство.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 декември, 2019 17:33

Силвија Стојановска е актерката приведена поради шверц со кокаин

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„ЈанакиЗнае“ ексклузивно дознава од неофицијални извори кои потекнуваат од судот, дека познатата македонска актерка, Силвија Стојановска која е мајка на актерките Јана и Ана Стојановски е уапсена во врска со заплена на огромна количина кокаин во Шпанија.

Во моментов актерката  е однесена пред Основниот кривчен суд во Скопје, каде чека да биде изведена пред судија на претходна постапка, по барање за одредување мерка притовр од Јавното обвинителство.

Силвија Стојановска е родена во 1960 во Скопје. Таа е македонска театарска, филмска и телевизиска глумица и ќерка на познатиот актер Ацо Јовановски и сопруга на покојниот актер Ненад Стојановски.

Во 1982 година дипломирала на Факултетот за Драмски уметности во Скопје, а веќе следната година се вработила во Драмски театар Скопје.

Позната е по своите улоги во: Комедијанти, Заминувањето од Пасквелија, Пред дождот, Трето доба и Како убив светец. До сега добила бројни награди. 

  • Награда на Покраинскиот комитет на Сојузот на Созијалистичката младина на Војводина за најдобар млад актер на Стерииното позорје во 1984 година за улогата на Кристина во претставата „Дупло дно“ од Г. Стефановски
  • Специјална награда за млад актер на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за улогата на Наташа во претставата „Карамазови“ од Д. Јовановиќ.

Силвија од неодамна е и баба на внучето Ненад, кое годобиод својата ќерка Јана Стојановска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.