Профестоката Силјановска Давкова, најави дека нема да одбегнува потпишување на одреден закон поради тоа што на него стои новото име на државата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 април, 2019 11:21

Силјановска-Давкова за МИА: Ако бидам претседател ќе ги потпишувам законите со новото име

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Kандидатката Гордана Силјановска-Давкова, во интервју за МИА, отворено зборува за тоа што би било кога таа би победила на престојните избори. Имено таа најави поголема проактивност во вршењето на функцијата, и вели доколку биде избрана за претседател, на таа функција доколку употреби вето за одреден закон, ваквата постапка ќе ја образложи пред пратениците со цел да се зајакне демократијата.

Профестоката Силјановска Давкова, најави дека нема да одбегнува потпишување на одреден закон поради тоа што на него стои новото име на државата. Силјановска во интервјуто за МИА вели дека новото име не само што е реален, туку е и правен факт, и додава дека доколку таа победи не може да се очекува дека веднаш ќе тргне во акција за промена на името.

Силјановска вели дека верува во нејзината победа, бидејќи како што вели жените не лажат. “Затоа што сега јас сум златната средина во општеството и затоа што е предизвик, ајде дозволете да видиме дали жените лажат, дали навистина не ги решаваат проблемите, за да можеме низ компарација да извлечеме една родова перцепција”.

Силјановска во интервјуто вели “Верувам дека Македонија ќе влезе во НАТО по Преспанскиот договор”, но како што вели тој е повеќе плод на геостратешка политика, отколку вистинско решавање на спорот меѓу двете земји, но вели за влез во ЕУ, ќе треба многу реформи па поради тоа додава дека патот до таму е малку потежок, иако изминатиот период било решено името.

Професорката Гордана Силјановска вели дека доколку дојде на функцијата претседател, почесто ќе се обраќа до Собранието, ќе ги сензибилизира пратениците за важни прашања, ќе го почитува принципот на меритократија секаде каде што претседателот има надлежности да именува, а ќе биде и поактивна во дипломатијата, особено во изборот на оние кои ќе нè претставуваат пред меѓународната заедница. Таа додава дека потребни се повеќе жени во политиката.

На прашањето дали очекува исполнување на предвидениот цензус, вели:

Да, јас очекувам цензус. Мислам дека е важно да се излезе на овие избори, за да се делигитимира власта. Таа е делигитимирана уште по неуспешниот референдум, бидејќи сè што следуваше по референдумот не е врзано за изворот на суверенитетот, граѓаните, но ова би значело потврда на тоа и би довело до потреба од предвремени парламентарни избори. Велите што би направила, многу нешта би направила. Накусо, прво претседателот има овластувања во надворешната политика, тоа е поделена надлежност со МНР. Сметам дека кохабитацијата е многу важна, а ако јас победам тоа ќе се случи, кохабитацијата не е болест, туку е здрава можност, здрава вежба на консензус на државнички однос за прашања од национален интерес, но во оваа сфера сум имала и имам големи забелешки за дипломатите, за оние кои се нашиот лик во европското и меѓународното огледало, вели Силјановска во интервјуто за МИА. 

Во однос на СЈО дали треба да функционира како автономна институција таа го посочува примерот на своите Француски колеги и вели дека се што е специјално треба да биде времено.

Јас сум правник, Уставот вели дека Јавното обвинителство е единствена организација, СЈО се создаде од политички причини, тоа е факт и сега треба некако да се лоцира во рамки на јавнообвинителскиот систем. Да Јавното обвинителство може да има специфична надлежност, иако ние имаме одделение за организиран криминал во рамки на ЈО, но мора биде дел од системот. Јас дури имам проблем за посебен закон, но тој беше донесен, се разбира дејства некои беа преземени, треба да се довршат. Кај мене се создава страв од паралелизам да не имаме двајца јавни обвинители, еден на државата и еден специјален, ама со статус, надлежности и финансиска поддршка, која е поголема од онаа на оној првиот. Се плашам да не дојде до разногласија внатре, оти кога правото е во прашање најважно е во таа пирамида да се знае постапката, да се знаат надлежностите, да се знае кој кому одговара, затоа што ако имате поделена надлежност, но нема одговорност, може да биде загрозено правото. Се надевам дека ќе се договорат.

Професорката додава дека мора да има повеќе жени во политиката, и вели на добарпат сме штом до сега имаме 38 отсто жени во парламентот, што за неа е одличен резултат.

Зошто е добро да има жени? Поинаку ги гледаме рабоите, заради животот и кога ќе имате две визии, две перцепции, резултатот во огледалото е подобар. Понатаму замислете само шест градоначалнички, четири министерки, шокирана сум, бидејќи во Президиумот на АСНОМ имало четири, ние значи сме во тоа време. Ме шокира и фактот дека само 18 отсто од жените во Македонија поседуваат имот. А дали знаете дека жените по сите истражувања во Македонија три пати повеќе работат од мажите, па поголем доказ нема дека за вистинска реформа треба и родов атак, една радикална родова промена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.