Русија, Иран и сириската армија започнаа да ги депортираат џихадистите во Идлиб, по што светот стравува дека ќе следи гранатирање и нова хуманитарна и бегалска катастрофа

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 септември, 2018 9:48

Сириската армија префрлила 400 џихадисти во Идлиб

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права објави дека сириските власти префрлиле 400 припадници на џихадиситчката група Исламска држава (ИД) во областа Идлиб, која е последното поголемо упориште на бунтовниците.

Според Центарот, исламистите, кои се наоѓале во пустинската област Деир аз Зур, на границата со Ирак, вчера биле префрлени во источниот дел на Идлиб, каде дејствуваат и други исламистички групи.

Во досегашниот тек на граѓанската војна, повеќе пати се случуваше бунтовниците во опколени градови да добијат понуда да бидат евакуирани во некоја за нив безбедна зона, како Идлиб, во замена за предавање на градот што го контролираат на сириската армија.

Русија, Иран и сириската армија планираа голема офанзива врз Идлиб, што предизвика страв кај западните земји од нова хуманитарна и бегалска катастрофа.

По преговори меѓу претседателите на Русија и Турција, беше договорено оваа офанзива да се одложи, а двете земји да испратат мировници во Идлиб.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.