Репортери од магазин денеска го посетија скопскиот аеродром со цел да проверат дали вработените се придржуваат до мецицинските препораки и дали има контрола на слетаните патници.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 10 март, 2020 21:14

Сите летови од Италија откажани пред два дена, ама на скопскиот аеродром никаква контрола

Фото/Текст извор: ©магазин

Денеска на скопскиот аеродром слетаа дузина патници од Малта, Австрија, Германија, Белгија. Иако овие подрачја не се црвени зони и нема прогласена епидемија од корона вирусот, сепак има многу заболени. Репортери од Магазин денеска беа на увид на скопскиот аеродром. Проверивме дали се почитуваат мерките за заштита од корона вирусот, дали се случува нешто невообичаено и дали има некаква контрола на слетаните патници со однос на експанзија на заболени лица од корона вирусот во Македонија. 

На скопскиот аеродром никој не врши проверка и контрола на здравствената состојба на патниците кои допатуваат од странство каде што има заразени со корона вирусот.

Но на скопскиот аеродром денеска не се случуваше ништо невообичаено, освен неколку патници и минувачи кои носеа медицински маски за заштита на пределот на усната и носната шуплина, друго ништо невообичаено не се забележуваше. Ниту имаше медицинска екипа што вршеше преглед на патниците кои слетуваа на аеродромите, ниту вработените на аеродромот носеа посебна заштитна опрема како вработените на граничните премини и на патарините. 

Со однос на тоа дека аеродромот е најфреквентното место, нејасно е зошто никој не реагира на не спроведувањето на мерките на заштита или тие воопшто не се воведени? Редакцијата на Магазин поседува фотографии од патници кои денеска во 17.30 слетаа на скопскиот аеродром од Малта. Иако Малта важи за неризична земја, сепак и таму има 5 заразени случаи. Следниот авион пристигнуваше од Брисел, таму бројот на заразени изнесува 267 потврдени слуачи. Почекавме да видиме дали ќе се појави медицински персонал кој ќе прави проверка на патниците, но ниту видовме медицински персонал, ниту вработени кои особено се загрижени околу превенција од заболување на себе и другите. 

Дали власта во случајот со аеродромите потфрлила, со однос на тоа што имавме прилика да видиме дека токму во Кина најригорозни мерки за проверка и контрола беа преземани токму на аеродромите? Кој треба да преземе одговорност за тоа што вработените не се придржуваат до мерките за спречување на ширење на корона вирусот? Дали самите граѓани кои треба да понесат одговорност и да бидат совесни, не се одговорни или сепак властите не се изричити во забраните, мерките и казните? 

Во Македонија моментално има 7 потврдени случаи на заразени со корона вирусот и над 100 луѓе сместени во карантин. На денешната прес – конференција министерот за здравство ги соопшти мерките, забраните и препораките од Комисијата за заразни болести. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.