Над илјада евра или точно 65.553 е просечната нето плата исплатена во Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Објавил: Перо Милчин | 9 јануари, 2019 12:09

“СИТНА РИБА” – Колку Тунтев ќе биде во плус со новата функција?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Томислав Тунтев ја напушта пратеничката функција и ќе директорува со Агенцијата за цивилна и воздушна пловидба. Пратеникот на СДСМ ќе се збогува со столчето во Собрание и ќе седне на едно од најубавите столици.

Над илјада евра или точно 65.553 е просечната нето плата исплатена во Агенцијата за цивилно воздухопловство.
Според податоците кои се за 2016 година, во оваа институција просечната бруто плата по вработен била 98.657 денари.

Во агенцијата тогаш работеле 69 лица.
Ова наведеното е само просек, затоа што како прв човек, Тунтев ќе заработува и над 2.000 евра, што е многу повеќе од пратеничката плата.
Тунтев за Фактор изјави дека имал амбиции и аплицирал на огласот првенствено поради неговите стручни, професионални и едукативни квалификации.
Според надлежностите, оваа aгенција е финансиски и функционално независна од другите државни органи, за својата работа сепак одговaра пред Собранието на Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести