Дискриминација во УЈЕ во Тетово

Објавил: Узунов Бобан | 28 мај, 2019 7:53

СКАНДАЛОЗНО: Познати имињата на професорите кои барале сексусални услуги од студенти, меѓу нив и раководители на државни институции

Фото/Текст извор: ©мкд.мк/магазин

Од 334 студенти кои биле анкетирани, 15 одговориле дека им биле побарани сексуални услуги од професори на двата универзитети во Тетово, покажа истражувањето што беше спроведено во рамки на проектот „Родова дискриминација во средното и високото образование”, што го работат Феминистичкиот клуб и Студентскиот парламент при Универзитетот на Југоисточна Европа. 

Со оглед дека имињата на професорите се познати, а некои од нив биле и фунцкионери дали властите ќе превземат соодветни мерки ?

Рита Беадини од Феминисточкиот клуб вели дека се познати десетина имиња на професори од двата универзитети, а некои од нив се раководители и на државни институции.

Анкетата во проектот и воопшто информациите кои ги имаме покажуваат дека жените се повеќе дискриминирани. Со оглед дека студентите ги кажале и имињата на професорите, може да се каже дека меѓу нив има и луѓе на високи позиции во државните институции. Ние ќе ги доставиме информациите до управите на универзитетите и до надлежните институции кои треба да ги процесуираат случаите“, изјави Рита Бехадини од Феминистичкиот клуб.

На прашањето „дали лично сте се соочиле со дискриминација“ со „да“ одговориле 58 отсто од анкетираните, додека 62 отсто изјавиле дека тоа го направиле професори.

Податоците од анкетата беа презентирани на тркалезна маса на тема „Родова дискриминација во средното и високото образование“ што се одржи на Универзитетот на Југоисточна Европа.

„Ние како Министерство за образование и наука постојано ги мотивираме и стимулираме сите оние таргет групи да пријават до соодветните органи во училиштето или универзитети, се разбира и до другите надлежните инстутуции и до државен просветен инспекторат, секаков вид на дискриминација“, рече Сафет Незири, државен советник за образовни политики во Министерството за образование.

На оваа тема вчера во УЈИЕ беше организирана тркалезна маса каде учествуваа и претставници од областа на образованието од општина Тетово, од МОН, но и професори од УЈИЕ, кои изјавиле дека ќе се залагаат за елиминација на овој феномен.

Во рамки на проектот ќе има и изложба на фотографии на која е прикажана дикриминацијата. Конкурсот за пријавување е отворен до 31 мај, а ќе има награди за тројцата најдобри.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.