На клиниката добиле рок за седум дена да постапат и да ги прочитаат сите резултати на пациентите.

Објавил: admin@magazin | 1 јули, 2022 6:47

Скандал на Радиологија: Околу 1.200 пациенти, меѓу кои и болни од рак пола година чекаат резултати

Фото/Текст извор: ©фокус

Околу 1.200 пациенти, меѓу кои и болни од рак повеќе од шест месеци чекаат да им се прочитаат резултатите од компјутерска томографија и магнетна резонанса на скопската Клиника за радиологија, неофицијално дознава „Фокус“ од болнички извори.

Според нашите информации, од јануари досега не биле прочитани магнети на глава, врат, рбет, и еден и куп компјутерски томографии. Нашите извори тврдат дека на клиниката има повеќе од 20 лекари кои реално на дневно ниво еден доктор да чита 20 резултати за три дена ќе можат да се прочитаат сите резултати!

Како што дознава Фокус, многу од пациентите на кои животот им зависи од овие резулатите чекаат со месеци, а меѓу нив се и болни од карцином, кај кои треба веднаш да се реагира, за да знаат како понатаму со терапијата. Тоа што е уште пострашно во целата приказна е што дел од пациентите и починале додека да ги дочекаат резултатите.

ПАЦИЕНТИ УМИРААТ ДОДЕКА ИМ СЕ ПРОЧИТААТ РЕЗУЛТАТИТЕ

„Фокус“ разговараше со една мајка на 17 -годишно дете,  која на скопска Радиологија уште лани правела магнет на срце на својата ќерка, но резултатот се уште не е прочитан.

„Тоа што се случува таму е страшно. Дали некој знае дека пациентите умираат додека да дочекаат резултати. Ние чекаме повеќе од шест месеци да се прочитаат. Не разбирам на толку лекари што се случува“, револтирано објаснува мајката во изјава за „Фокус“.

Веќе подолг период голем дел од пациентите реагираат и до институциите преку преставки, барајќи начин да го спасат животот на нивните најблиски со оглед на тоа што таму одат болни кои имаат реални здравствени проблеми.

„Мајка ми почина додека ги чекаше резултатите. Кој ќе одговара за тоа. Тоа таму што се случува е страшно. Нека се преземе нешто, а јас и правно ќе преземам нешто против клиниката“, вели 33-годишна скопјанка.

Исто така, со дел од пациентите со кои разговаравме тврдат дека некои од лекарите им барале и по 50 евра, ако сакаат да им прочитаат еден резултат, што е страшно.

„Фокус“ се обрати и до актуелната директорка на Клиниката за Радиологија, Гордана Белческа од која побаравме да ни објасни која е причината за тоа што пациентите чекаат повеќе од шест месеци да им се прочитаат резултатите и зошто се случува тоа.

Сепак, директорката и покрај тоа што ги прочитала прашањата, не ни врати повратни одговори.

Исто така се обрати и до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, каде прашале дали до нив е поднесена представка од некои пациенти. Од таму добивиле потврдни одговори.

„На 24 06 2022 , во ДСЗИ стигна представка за неиздаден резултат за извршено снимање во оваа институција.

Постапувајки по ЗЗЗ и Закон за права на пациенти , ДСЗИ ,веднаш- ( понеделник 27.06 ), изврии вонреден инспекциски надзор , при што , констатира дека постојат неиздадени резултати на веќе извршени дијагностички процедури“, истакна во изјава за „Фокус“, доктор Ирина Бухова, директорка на ДСЗИ.

Таа додава дека од  страна на ДСЗИ по извршениот надзор, при кој се констатирани недостатоци согласно надлежностите на Инспекторатот е издадено решение со кое установата ЈЗУ УИ за Радиологија се задолжува да се почитува рокот на важност на издадените упати.

„Резултатите од извршените дијагностички радиолошки иследувања да се издаваат по завршвање на иследувањето согласно медицина базирана на докази и да се почитуваат интерните општи акти од страна на вработените лица“, потенцира директорката на ДСЗИ.

На клиниката добиле рок за седум дена да постапат и да ги прочитаат сите резултати на пациентите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...