Дојде живот за високите функционери од власта

Објавил: admin@magazin | 19 јули, 2018 12:52

СКАНДАЛ: Фирма на пратеник на СДСМ доби 10 милиони од државата (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©лидер

Грант од 10 милиони денари од Фондот за иновации доби печатницата „Гинис“ од Прилеп каде ко-сопственик е Хари Локвенец, пратеник на СДСМ. Парите им се доделени во првиот јавен повик за финансирање на микро, мали и средни претпријатија од Планот за економски раст – 3 столб, пренесува ЛИДЕР.

Пред некој ден медиумите објавија дека весникот „Слободен Печат“ каде што главен уредник е Бранко Героски, добил грант од 10 милиони денари од Фондот за иновации на Република Македонија.

Особено сум горд и задоволен од одличните резултати од овој прв јавен повик на #ФИТР кој покажа дека се надминати очекувањата, а компаниите аплицирале со исклучително квалитетни проекти, рече Заев а објави Фејсбук страната на Фондот за иновации.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести