Возилото излетало од патот и паднало во канал

Објавил: admin@magazin | 7 август, 2018 14:06

Скопјанец тешко повреден во сообраќајна несреќа

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

На магистралниот пат Велес – Штип, кај селото Каратманово, товарно возило „Мазда“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 62-годишниот С.Н. од Скопје, излетало надвор од коловозот и паднало во канал за атмосферска вода.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот кој бил пренесен во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.