Поминала улица на црвено, ја турнала полицајката и побегнала

Објавил: Данаил Михајловски | 5 октомври, 2018 21:20

Скопјанка вчера завршила во притвор

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера околу 15 часот во Скопје, полициски службеници ја привеле А.К. (24) од Скопје. Неколку минути претходно таа извршила кривично дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

На паркинг простор на улица „Крушевска Република“, полициска службеничка се обидела да изврши проверка на идентитет на А.К. , која претходно поминала на пешачки премин на црвено светло. А.К. не застанала, ја навредувала полициската службеничка, ја оттурнала од себе и побегнала.

Неколку минути подоцна таа била пронајдена и приведена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.