Со 157 гласа „за“ и 68 гласа „против“, српските пратеници вчера изгласаа нова влада на Србија, која повторно, како претседателка, ќе ја предводи Ана Брнабиќ.
Воздржани немаше, а не гласаа 25 пратеници. Гласањето беше објавено со прозивање.
Брнабиќ изнесе експозе напишано на 76 страници и ги предложи кандидатите за министри.
Таа истакна дека „црвените линии на Србија на сите им се јасни“ и дека тоа се интересите на Србија и самостојноста на државата во одлучувањето, а тие црвени линии ги нарече свети.
Новата влада на Србија, покрај премиерката, ќе има уште 28 министри, од кои тројца без ресор.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.