Продолжува политичкиот притисок кон поранешниот премиер и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски

Објавил: Перо Милчин | 3 ноември, 2018 11:06

Собраниската комисија ќе расправа за одземање на мандатот на Никола Груевски

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, во вторник на 6 ноември, ќе одржи седница, на која ќе одлучува за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски.

Препораката од Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања се доставува до Собранието, кое го има последниот збор. За одземање на мандатот потребно е двотретинско мнозинство, кое е тешко достижно со оглед на тоа што 8-те пратеници од новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата соопштија дека нема да поддржат таква одлука. Седницата е закажана откако : Основниот Суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по молба за одлагање на извршување на санкција определена со правосилна пресуда во предметот од обвинителството означен како „Тенк“, донесе решение со кое ја одби молбата, соопштија од таму.

Се поставува прашањето, дали оваа одлука се применува само кон Никола Груевски или треба да биде применета и кон еден друг бивш премиер, еминентен професор на Правен факултет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести