Доколку советот даде пари за лекување за еден човек денес, тогаш зошто да не му даде на другиот утре, на третиот задутре.., неодржливо е

Објавил: Македонка Димкин | 30 октомври, 2018 22:35

Советниците од СДСМ од Охрид не даваат пари за САРА!

Фото/Текст извор: ©охрид1 / магазин

Доколку советот даде пари за лекување за еден човек денес, тогаш зошто да не му даде на другиот утре, на третиот задутре.., неодржливо е, вака советниците од редовите на СДСМ го образложуваат нивниот негативен став по предлогот за донација  САРА НАСТЕСКА  од еден милион денари 

Во својата кампања СДСМ токму со слоганот, бесплатно здравство за сите ги освои симпатиите на помладите гласачи. Но нажалост и после скоро две години тој живот не дојде. Болните сеуште мака мачат да соберат средства за нивното лекување, додеа пак за многу хируршки зафати тоа и воопшто не е можно во Република Македонија

Цела Македонија е на нозе за САРА само општината во која живее не сака да и помогне

Кој ќе сноси одговорност за очигледните манипулации на владејачката партија на власт, која и покрај тоа што здравството во земјава не го направи да е бесплатно како што ветуваше во пред изборите, се осуди и дури појде чекор понатаму и пред  референдумот ветија бесплатно лекување во странство.

Време е за вистината пред гласачкото тело, а тоа е дали е изманипулирано само да се дојде до власт? Сведоци сме дека денес власта се занимава со се, само не со изборните ветувања, бесплатно здравство, 500 евра плата за сите, 1000 евра палта за докторите итн.


Според порталот Охрид1 (видео), денес советниците од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ не дадоа помош за Сара, ама дадоа за кафаните оштетени во невремето

Советот на Општина Охрид денес не ги изгласа предложените измени на дневниот ред со кој требаше од дневен ред да се симне точката за прифаќање на елаборатите за нанесени штети на платформите на рестораните и кафетериите во невремето, и не се согласија на дневен ред да се постави точка за доделување 1 милион денари за помош за лекување на Сара Настеска од Охрид.

Градоначалникот Јован Стојаноски појасна дека и да се изгласа одлуката, општината нема да може да ги исплати средствата бидејќи вирманот нема трезорски да помине од проста причина што се работи за немање законска можност за исплата по тој основ. Советниците од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ гласаа воздржано по оваа точка, а за гласаа само советници од етничките заедници.

Од друга страна рестораните и кафетериите претрпеа енормни штети во невремето минатата пролет, и согласно Закон имаат право да бараат надомест на штета.
Угостителските објекти во Охрид претставуваат мини индустрија која вработува голем број луѓе, а давачките кои ги имаат кон градот и државата се повеќекратни и по разни основи, од данок до разно разни комунални такси.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.