Проценките се дека новиот енергетски план ќе ја чини државата 300 милиони евра во наредните два квартала.

Објавил: Мате Парлоф | 6 септември, 2022 16:47

Совет за Безбедност: Државниот врв најавува нов енергетски план за зголемување на производство на струја

Фото/Текст извор: ©сител/магазин.мк

Со нов енергетски план Македонија ќе ја пребродува најтешката зима досега. Планот денеска беше презентиран на Советот за безбедност, а предвидува мерки со кои ќе се спречат рестрикции и кој треба да обезбеди нормално функционирање на домаќинствата, бизнисите, но и на индустриските капацитети.

“Се зголемува производство на струја за 25%, трет блок РЕК Битола, втор котел ТЕЦ Неготино…”

Покрај зголемувањето на домашното производство на струја за 25 проценти, Ковачевски најави и дека се обезбедени средства од Буџетот, со кои ќе се субвенционира цената на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи.

Во наредниот период, дополни премиерот, сите ресурси на државата ќе бидат ставени во погон, со цел максимално производство не само на сопствена енергија, туку и на домашното производство на храна“, нагласи Ковачевски.

За бизнисот, пак ,се планира цена на струја која е пониска од берзанската и која е прифатлива на економските субјекти.

“Целта е во најтешкиот период кој почнува на 1 октовмри и ќе трае до април, сите граѓани, ученици, студенти, средни мали и микро бизниси да им се обезбеди најниска можна цена на струјата, како и снабдување со топлинска енергија по сегашната цена со задржување на евтината тарифа и 24-часовна достапност”

Но планот носи и свои ризици. Застареноста на опремата во некои блокови, цените на струјата во светски рамки, евентуалните забрани за извоз на природен гас и други суровини за производство на електрична енергија, се фактори кои не можат да се предвидат, рече Ковачевски.

Проценките се дека новиот енергетски план ќе ја чини државата 300 милиони евра во наредните два квартала.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести