Грчката полиција употреби солзавец за да ги растера мигрантите кои фрлаа камења кон полицајците и ја нападнаа полицијата во обид да ја преминат грчката територија од Турција, во северниот дел.
Синоќа се пријавени околу 9.600 мигранти и обиди на бегалци да ја преминат грчката територија.
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис свика состанок на владиниот Совет за национална безбедност за состојбата со мигрантите и бегалците на турско-грчката граница, јави МИА.
Обединетите нации денес објавија дека најмалку 13.000 лица се на турско-грчката граница, откако Анкара соопшти дека повеќе нема да ги спречи мигрантите да се движат кон Европа.
Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу синоќа на својот профил на Твитер објави дека околу 36.776 мигранти ја напуштиле Турција.
Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендијас, испрати писмо до високиот комесар за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Јозеф Борел, во кое бара вонреден состанок на Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ за состојбата со мигрантите и бегалците, цитираше грчката агенција АНА-МПА, повикувајќи се на дипломатски извори.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.