Температурите ќе се движат од 30 до 36 степени

Објавил: admin@magazin | 5 јули, 2018 8:07

Сончево и топло време

Фото/Текст извор: ©ухмр

Времето во Македонија претежно сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер. УВ индексот ќе изнесува 9.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната максимална температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 30 до 36 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата од 19 до 34 степени.

Во петок и за времен на викендот во попладневните часови, претежно во источните и северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси, особено во сабота. Во недела ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.