Најново метео

Објавил: admin@magazin | 31 октомври, 2022 7:22

Продолжува сончевото и топло есенско време

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 Целзиусови степени.

Во Скопје дневната температура ќе достигне до 24 Целзиусови степени, Маврово 19, Охрид 20, Битола и Крива Паланка 22, Берово 21, Кавадарци 24, Дојран 26.

И утре ќе имаме претежно сончево и релативно топло време. Ќе дува слаб до умерен, а наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Дневните температури ќе се движат од 20 до 27 степени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...