Повредените се хоспитализирани во болницата во Струмица

Објавил: admin@magazin | 25 јули, 2018 10:41

Сообраќајна несреќа на патот Штип-Радовиш, повредени 9 лица

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во сообраќајна несреќа во близина на радовишкото село Дамјан на магистралниот пат Штип-Радовиш, повредени се девет лица .

Потпаролот на СВР Струмица Хринзатема Рендевска изјави дека несреќата се случила утринава во 3:40 часот помеѓу две патнички возила и еден трактор со приколка.

– Според првичните информации, со телесни повреди се вкупно девет лица и сите се хоспитализирани во болницата во Струмица, рече Рендевска.

Во тек е увид на местото на несреќата од страна на полицијата и јавниот обвинител.

Поради несреќата изутрината од 4:15 часот до 5:40 сообраќајот на тој дел од патот беше целосно прекинат, по што возилата се пропуштаа наизменично.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.