Управата за јавни ја приходи ја блокирала сметката на 1 ТВ.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 јуни, 2019 12:29

СООПШТЕНИЕ ОД УЈП: Сметката на 1 ТВ навистина е блокирана!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Од УЈП потврдија дека сметката на 1ТВ е блокирана.

Управата за јавни ја приходи ја блокирала сметката на 1 ТВ, пишуваше утрово „Фактор“.

Нивната редакција утрово побара одговор од УЈП, дали и зошто е блокирана сметката на телевизијата на Бојан Јовановски или попознат како Боки 13. 1 ТВ почна да зрачи во етерот во март 2018 година, година и половина подоцна телевизијата се соочува со блокирана сметка.

 УЈП напишаа соопштение во кое се вели дека сметката на телевизијата чија сопственост е на Боки 13, е блокирана.

,,Ве известуваме дека согласно Законот за даночна постапка УЈП е обврзана сите документи, информации, податоци или други факти до коишто дошла во даночна, прекршочна или судска постапка, да ги чува како даночна тајна“, се вели во одговорот од УЈП, од каде потврдија дека сметката на 1ТВ чиј сопственик е Бојан Јовановски, е блокирана.

Бојан Јовановски, попознат како Боки 13 во јуни 2017 година, пред отворањето на телевизијата го стартуваше проектот „Меѓународен сојуз“ за цивилно општество и социјално загрозени категории. Тогаш потенцираше дека финансиската добивка како претседател ќе ја донира секаде каде што е потребно.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.