Корубин вели дека и двајцата се вљубени во патувањето, и постојано ги користат слободните денови за да заминат некаде далеку, каде како што вели би се чувствувал како дома.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 октомври, 2020 8:22

Сопругот на Каролина конечно прозборе за бракот со неа: Се разбираме со поглед!

Фото/Текст извор: ©Magazin.mk

Годинава изминуваат четири години откако Каролина Гочева и нејзиниот сопруг Михаил Корубин го кажаа судбоносното ДА. Нејзиниот сопруг кој е познат сликар, за „машки магазин“ реши да проговори за бракот со неа.

Корубин вели дека тој и Каролина потполно си одговараат и се надополнуваат. Вели дека ниту едно негово дело не може да заврши слика, без таа да ја погледне, но додава дека и тој ги слуша нејзините песни пред да излезат во етерот.

„Ја делиме уметноста заедно, нема слика која и ја немам покажано пред да ја завршам. Каролина има одлично око и често ќе се фати за некоја работа која воопшто не ја гледам, го знам нејзиниот израз  на лицето и не може да ме излаже ако не и се допадне, а и “вајс верса” ја слушам секоја нејзина песна пред да излезе. Таа е филмоман како мене и бев изненаден какви филмови можеме заедно да гледаме, така што скоро се гледаме заедно“ вели сопругот на пејачката.

Корубин вели дека и двајцата се вљубени во патувањето, и постојано ги користат слободните денови за да заминат некаде далеку, каде како што вели би се чувствувал како дома.

– Обожаваме да шетаме кога можеме, претежно сакаме мали места во кои за брзо време се чуствуваш како дома затоа и често ги  повторуваме локациите. Се надевам дека ќе имаме уште многу моменти во животот каде што поради моја или нејзина обврска ќе шетаме низ светот, тие патувања ни се особено драги“ вели Михаил.

Во интервјуто тој посочи дека ништо не е сменето со тоа што ја официјализирале својата врска со брак, и дека работите течат исто како и претходно кога живееле заедно.

„Ние живеевме заедно и пред бракот, тоа е само еден вид официјализирање, убавината е во заедничкиот живот, а тоа би го правеле и без бракот.  После толку време заедно мислам дека си ги знаеме сите ”цаки”, така што погледот е доволен. Научивме многу еден од друг, доволно сме различни во позитивна конотација за да прифатиме нови работи еден од друг“, кажа Корубин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.