Директорот на „Секјуриком“, австриецот Гампер со нова изјава дека имињата кога и да е ќе ги објави повторно јавно, со надеж дека медиумите ќе ги пренесат без уцени од Заев и СДСМ

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 октомври, 2018 8:05

Сопственикот на „Секјуриком“ инсистира да се објави кој од СДСМ го уценувал

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Австриецот Волфганг Гампер, сопственикот на „Секјуриком“ во нова изјава вели дека од актуелната власт на СДСМ му барале рекет и наводно му ветувале слобода и тендери, а за тоа тврди дека има докази.

Гампер претходно во интервју за БИРН изјави дека по промената на ВМРО – ДПМНЕ во извршната власт, СДСМ не го прекинале договорот со неговата компанија, напротив, продолжиле да соработуваат со уцени и закани.

Директорот на „Секјуриком“ во интервјуто тврди дека власта на СДСМ била безмилосна, барале пари, станови, автомобили но и 10 отсто од месечната исплата која му следела по договорот.

Гампес спомна и имиња кои БИРН не ги пренесе, по што Заев го активираше алармот на Јавното обвинителство од каде е повикан новинарот на распит и побарано да се отвори предистражна постапка.

Сопственикот на „Секјуриком“ вчера со нова изјава.

Секако дека имам имиња, но тоа доаѓа од окружувањето на премиерот. Во моментов сум во болница, незнам какви докази треба да имам. Мислите дека некој би се потпишал? Ги имам имињата, но не овде, во болница сум. Ако некои од пораките се уништени, што можам да сторам? Можеби некои се веќе уништени. – изјави Волфганг Гампер.

Гампер со одземен пасош успеа да избега од Македонија откако Јавното обвинителство го обвини дека заедно со екс директорто на владината служба Васе Доневски договориле „Секјуриком“ да добие тендер вреден 10 милиони евра.

Тој за австриската телевизија ОРФ и за Балкнаската истражувачка мрежа изјави дека актуелната македонска власт му изнудила пари во замена за слобода.

Ми ветија дека ќе го запрат судскиот процес, ќе ми го вратат пасошот и нема да ме уапсат. Исто така рекоа дека може да учествувам на новиот тендер – рече Гампер за БИРН.

Владата експресно ги отфрли обвинувањата на Гампер – целта му била да го наруши нејзиниот углед.

Не коментираме изјави на лице по кое е распишана меѓународна потерница. Се што има нека си каже во обвинителство ако има докази за било што. – вели Пеце Мирчевски раководител на Службата за општи и заеднички работи на Владата.

По бегството на Гампер, владината служба пред десет дена го раскина договорот со „Секјуриком“ за одржување на хигиената во зградата на НИП-от, склучен на крајот на минатата година и ја активираше банкарската гаранција.

Фирмата „Секјуриком“ повеќе од 15 години, ги чистеше Владата и поголем дел од министерствата и заработи десетици милиони евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести