Во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје починаа две лица како последица на компликации од ковид-19, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа направени се 335 тестирања, а потврдени се 19 нови случаи на ковид-19 и тоа во:
– Скопје 3
– Куманово 8
– Прилеп 2
– Струга 2
– Велес 2
– Гостивар-1
– Виница 1
Со ова вкупната бројка на КОВИД-19 дијагностицирани во нашата земја изнесува 1386 лица.
Досега во земјата се направени вкупно 15.120 тестирања.
Во ГОБ „8 септември“ починаа 2 лица, пациентка од Липково (Куманово) на 49 години, примена на 03 април со потешкотии во дишење и веднаш поставена на респиратор и 73 годишен пациент од Скопје, примен на 19 април во многу тешка општа состојба.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.