Додека грчкиот премиер говореше за економијата, на четири засебни протести, демонстрантите се судрија со полицијата против Договорот од Преспа

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 септември, 2018 7:12

Со протести и обраќање на Ципрас почна Меѓународниот саем во Солун

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вниманието на грчката јавност синоќа беше насочено кон Солун каде што започнува 83. Меѓународен саем.

На свеченото отворање се обрати Алексис Ципрас, како што традиционално одржуваат говори грчките премиери и  ја објави агендата на владата и политиката што ќе ја следи во следниот период, а во исто време беа одржани низа протести, како за економијата така и против Договорот од Преспа.

Солун е под драконски безбедносни мерки, а за да се спречат било какви инциденти ангажирани се над 5.500 полицајци од цела Грција.

Свеченото отворање на Саемот беше закажано за 19 часот по локално време, а паралелно се закажани 4 различни протести.

Ситуацијата во комплексот Солунски саем, не кореспондираше со реалната ситуација на терен во остатокот на Солун, каде имаше и крвави судири на демонстрантите со полицијата и безбедносните сили на Грција.

Првиот чекор за ова е (Солун) да добие лидерска улога на Балканот и во рамките на оваа цел, за да ја реализираме оваа визија,  длабоко верувам дека е договорот со поранешната југословенска Република Македонија што менува насока и ориентација на градот и на Северна Грција. Запира Солун и Северна Грција да се со свртен грб кон просторот што економски и трговски е од витално значење, а тоа се соседните земји и се ориентира за да стане основна трговска, транспортна, енергетска, економска точка на Балканот, а Солун да биде прво пристаниште на Балканот, ова е прв чекор за да имаме визија за еден поинаков Солун, рече Алексис Ципрас.

Грчките организации од дијаспората и „Комисиите за борба за Македонија“ ги повикуваат Грците „на мирен и решителен начин, без партиски обележја и без говорници“ да излезат на протест Против Договорот од Преспа.

Според грчките медиуми, на повеќе локации во Солун, се појавија постери со грчкиот премиер и со пораката „Непожелен“.

Двата најголеми синдикати на вработените во приватниот и јавниот сектор, исто така ќе одржат протест, но исклучиво поради економската ситуација во земјата, со барање да се поништат сите мерки што произлегуваат од меморандумите.

Синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија на Грција, ги повикува граѓаните да им се придружат и против владината политика, но и поради Договорот од Преспа и НАТО.

Засебни собири закажаа и анархистичките организации и здруженија.

Оваа година, САД се почесна земја на Меѓународниот саем.

Вчера беше свечено отворен штандот на САД, во присуство на американскиот државен секретар за трговија, грчкиот премиер и министри од грчката влада.

Според најавите, оваа година, Меѓународниот саем во Солун да биде најголем до сега со 1.500 штандови од 20 земји, а меѓу нив и Македонија, а процените се дека саемот ќе го посетат над 350 илјади посетители.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести