Референдумот е меч со две острици за кој виновен ќе е народот но не и власта

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 јули, 2018 11:41

Со Референдумот ќе се легитимира неуставното и незаконското

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најавите за Референдум или два за средината на септември или почетокот на октомври 2018 година се политичка но не и правна “игра” која Заев и Ахмети сега за сега одлично ја играат повикувајќи се на правната карта иако законските норми говорат нешто сосема друго.  Имено граѓаните на т.н. Референдум  или Референдуми прво нема да гласаат “за” или “против” промена на името од Уставното во Република Северна Македонија затоа што по Закон за Референдум тоа и не може да биде предмет за изјаснување а истото важи и за Законот за примена на јазиците. За што тогаш ќе гласа народот?

Предмет во првиот случај е предлог Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликата како што е опишана во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 [ 1993 година ] и 845 [ 1993 година ] и престанување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување стратешко партнерство помеѓу страните. И тоа е Закон за спогодба во која ние сме безимени и како народ и како држава. Значи правно не е можно од таков предлог Закон кој веќе доби и вето од Иванов на Референдум да се изјасниме со “за” или “против” промена на името од Република Македонија во Република Северна Македонија иако тоа е вистинското прашање.

Законски прашањето би било во границите на она што партиските мегафони веќе го пласираат во јавноста а гласи: “Дали сте за Република Северна Македонија да влезе во сојуз со Северноатлантската алијанса – НАТО и со Европската унија?”

Но тоа не е прашањето за кое електоратот треба да се изјасни затоа што електоратот јасно ставил до знаење дека е “за” Република Македонија да влезе во сојуз со Северноатлантската алијанса – НАТО и со Европската унија и тоа како согласност и законодавната и извршната власт го имаат над 20 години. Она што е алармантно е дека ќе се игра со формата на прашањето иако основно Заев не ја објави новата Преамбула која ќе мора да се промени но и содржината на Член 3 и Член 49 од Уставот на Република Македонија истиот оној Устав во кој ќе треба да се реализираат и 152 измени со промена на името од Република Македонија во Република Северна Македонија.

Практично Референдумското прашање нема да ги опфати сите правни промени кои ќе следат.

По Устав и Закон за Референдум истот на државно ниво може да се распише за прашања што треба да се уредат со закон [ т.н. претходен референдум ] или за преоценување на закон што претходно е донесен [ т.н. дополнителен референдум ] и тоа се 2 опции затоа што самиот Заев ја исклучи опцијата консултирање на граѓаните [ т.н. референдум за консултирање ]  од причина што неговиот исход нема обврзен карактер во правниот систем на Македонија.  Значи ќе се гласа “за” или “против” неуставен закон кој како таков е оценет и од Иванов. Но бидејќи тој не е правно стапен и на сила – технички не е ни прашање кое треба да се утврди со закон но не е ни прашање за преоценка на закон што претходно е донесен.

Тогаш што би значело Референдумското изјаснување воопшто?

Правен механизам и електоратот да го прекрши Уставот на Република Македонија и самиот да изврши кривично дело по низа членови од Кривичниот законик на Македонија иако легитимна би била можноста за Законот [ Законите ] прво да се изјасни Уставен суд на Република Македонија кој  би ја оцени уставноста на процесот за носење или содржината на истиот иако постапката веќе е правно грешна од почеток со кршење на Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија и Уставот на Република Македонија во низа членови.

Законите [ заедно со Договорот со Бугарија ] во најмала рака целосно го негираат постоењето на Македонското малцинство во соседните земји а крајно го бришат постоењето на Македонска нација воопшто што повторно е кршење на членови од Уставот со што се отвора прашањето зошто Законите сега ќе се гласаат на Референдум а не обратно?

Второ имаме законско решение на кое недостига битен потпис. Без разлика на партиските изјави – правно Иванов е претседател на Република Македонија и се додека не се изгласа негова недоверба Законот не е на сила – исто како и Законот за употреба на јазиците. Но за да се избегне повторно незаконско делување на законодавниот дом со нивна објава во Службен весник на Република Македонија – Заев и Ахмети извесно е дека се решаваат да им дадат правна издржаност на Законите преку Референдумско изјаснување на електоратот со што би им се олеснил процесот на имплементирање на Законот за употреба на јазиците во Уставот кој би се корегирал по Законот за Договорот со Грција.

Имено со прифаќање на електоратот да излезе на Референдум или Референдуми без разлика на прашањето за кое ќе треба да се изјасни дава правен легитимитет на закон кој не е по Устав а кој влијае врз него или по приложената низа прекршувања на Уставот и гласањето – било тоа да е “за” или “против” на било каков Референдум за Закон кој не е во сила додека не се оцени неговата законитост самото по себе е кривично дело и тоа би требало да е во фокусот на академската заедница која мора да го појасни процесот пред сопствениот народ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.