Според амбасадорот Тимоние ваквата француска перспектива била “загубена по пат” а наративот за датум како награда за реформи мистериозно бил променет во текот на летото.

Објавил: Весна Петровска | 25 октомври, 2019 9:12

Спасов: Тимоние ја навредува нашата интелегенција, Ганка возврати: Тој беше брутално искрен!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Поранешниот македонски амбасадор Ѓорѓи Спасов се огласи на Фејсбук по вчерашната прес-конференција на францускиот амбасадор Кристијан Тимоние и отворено му порача на дипломатот да ја напушти амбасадорската функција.

„А Тимоние ја навредува нашата интелигенција. Става сол на лута рана. Се прави како се да знаел многу од порано. Решавањето на спорот за разликите околу името било само еден од условите . Ништо посебно. Сите наши напори и достигања ги стави под нозе.
Еден ден таков дипломат ќе се срами од своето подаништво.
Многу дипломати на САД и на Велика Британија ги напуштаа своите функции кога ќе оценеа дека нивната земја постапила не фер према земјата домаќин во која тие се дојдени со цел да ги унапредуваат односите.
Но, Тимоние ја нема таа големина. За него важи онаа афористична дефиниција:”Дипломат е чесен човек пратен во странство да лаже во интерес на својата земја”. Дали ова што го прави е вистина во интерес на неговата земја е прашање. Но еден ден ќе се дознае.
Верувам дека и тој и Макрон веќе добиле честитки од Владимир Путин. Ова е во најдобар интерес на Русија која би била задоволна проширувањето на ЕУ да запре со приемот на Словенија и на Хрватска на Балканот. Ако говориме отворено како Тимоние“, напиша амбасадорот.

Ганка Цветановска веднаш искоментира по огласувањето на Спасов по повод изјавата на Тимоние.

– Кога му се лутите на Тимоние, си се лутите на самите себеси зашто поверувавте во приказната за Преспанскиот договор и нереалните, лажни ветувања, коментира Ганка Цветанова на Твитер во контекст на навредите на поранешниот амбасадор Ѓорги Спасов упатени кон францускиот амбасадор Кристијан Тимоние и претседателот на Франција Емануел Макрон.

„Тимоние само брутално искрено ни кажа “where do we stand”. И јас му благодарам за тоа“, напиша Цветанова.

За потсетувње, во своето вчерашно обраќање пред медиумите францускиот амбасадор во Скопје откри дека пред самитот на ЕУ Франција ги информирала и Грција и Македонија дека Преспанскиот договор без соодветни реформи не е доволен за датум.

Според амбасадорот Тимоние ваквата француска перспектива била “загубена по пат” а наративот за датум како награда за реформи мистериозно бил променет во текот на летото.

Премиерот Заев иако точно ја знаел француската позиција до последен момент тврдеше дека Македонија ќе добие датум на самитот на ЕУ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.