Во моментов од којшто го контактирал синот не е достапен и не можат да се поврзат со нив за да ги лоцираат, а се претпоставува дека батеријата е испразнета или теренот не е мрежно покриен.

Објавил: Перо Милчин | 6 декември, 2020 21:51

СПОДЕЛУВАЈТЕ: ДВАЈЦА ГЕВГЕЛИЧАНИ ПОПЛАДНЕВО СЕ ИЗГУБИЈА НА ПЛАНИНАТА КОЖУФ, СЕ ТРАГА ПО НИВ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Двајца гевгеличани на возраст од 70 години се изгубиле попладнево на планината Кожуф, потврди полицијата.

Случајот го пријавил синот на еден од исчезнатите.

Тој на службениците од Свр Струмица им рекол дека татко му заминал утрото со уште еден пријател на рекреација во планината, но  околу 17 часот му се јавил да му каже дека е изгубен некаде во околината на месноста викана Круша.

Во моментов од којшто го контактирал синот не е достапен и не можат да се поврзат со нив за да ги лоцираат, а се претпоставува дека батеријата е испразнета или теренот не е мрежно покриен.

Итно е организирана потрага од страна на полицијата, шумска полиција и ловџии од ловното друштво „Елен“ од Гевгелија.

Засега трае потрагата а нема информации како напредува.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.