Според пратеникот Артан Груби од ДУИ, сосема е нормално пратеник обвинет за тероризам да излезе од притвор во 15 часот и да оди да гласа во 21 часот за уставни измени

Објавил: Мартин Попоски | 22 октомври, 2018 12:11

Според Груби за два месеци ќе се “(от)купат” уште шест пратеници?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Пратениот Артан Груби и шеф на кабинет на претседателот на ДУИ, Али Ахмети со изјава дека во третата фаза, уставните измени нема да ги гласаат 80 пратеници туку 86.

За гласање во Собранието во врска со уставните измени, пратеникот од ДУИ Артан Груби вели дека требаше да биде надмината броката од 80 пратеници, но секако ќе надмине 86-мина при последното гласање за усвојувањето на амандманите, но тоа е процес од неколку месеци.

Гласање бeше да се отвори Уставот, имаат можност да дадат конструктивен придонес и да помогнат во чекорењето на Мaкедонија кон НАТО И ЕУ. – вели Груби.

Според него, атмосферата била прикажана премногу драматично и тензично, а денеска повторно изгреало сонце над Македонија.

Кој е предавник ќе суди историјата. Имав можност да бидам дел од разговорите, знам точно каква беше атмосферата. ВМРО – ДПМНЕ има 42 пратеници, 6 се од Коалицијата за подобра Македонија и сметам дека добра половина од ВМРО – ДПМНЕ би ги поддржале амандманите за промена на уставот. -вели Груби и очекува дека уште повеќе пратеници ќе го поддржат процесот, бидејќи нема пратеник кој е против ЕУ и НАТО и кој не ветил дека ќе ги реши споровите со Грција и со Бугарија.

На прашањето каде се четирите барања на пратениците и кој ги гарантира со потпис, како во нив има работи кои се неостварливи, Груби не одговори.

Пратеникот Груби тврди најодговорно дека никој не бил под притисок и не добивал ветувања, сите тие тврдења се шпекулации.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести