Министерот Спасовски се осврна на соработката со ИЦИТАП Програмата која изминатите години ја поддржуваше професионализацијата на полицијата преку проектите и техничката помош наменета за Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 12 јануари, 2021 13:11

Средба на министерот Спасовски со програмскиот директор на ИЦИТАП Програмата при Амбасадата на САД во Скопје, Даглас Медн

Фото/Текст извор: ©магзин.мк

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски остварија средба со програмскиот директор на ИЦИТАП Програмата при Амбасадата на САД во Скопје во заминување, Даглас В. Медн.

Министерот Спасовски се осврна на соработката со ИЦИТАП Програмата која изминатите години ја поддржуваше професионализацијата на полицијата преку проектите и техничката помош наменета за Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

Тој се заблагодари на богатата, искрена и пријателска поддршка и потенцираше дека и во иднина Министерството за внатрешни работи ќе биде насочено кон трајна соработка со Амбасадата на Соединетите Американски Држави, со особен акцент на реализација на заедничките проекти со ИЦИТАП Програмата.

Програмскиот директор Медн лично ја предаде кратката биографија на неговиот наследник на оваа позиција со уверување дека интензивирањето на соработката со Министерството за внатрешни работи ќе продолжи во континуитет.

По повод заминувањето на досегашниот програмски директор Медн, министерот  Спасовски му врачи плакета за континуираната поддршка во модернизацијата на капацитетите на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, изразувајќи искрена благодарност за досегашната двегодишна соработка преку ИЦИТАП Програмата и Амбасадата на САД во Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.