Граѓанската асоцијација изборниот процес го следеше со 1.500 посматрачи распоредени на 1.160 гласачки места по случаен избор односно покри 33 отсто од гласачките места во државата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 мај, 2019 22:14

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

На претседателските избори кандидатот Стево Пендаровски освои 51,51 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова 44,93 отсто покажуваат резултатите од ДИК.

Според 90 проценти од обработените податоци на Државната изборна комисија, кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски, води со 60 илјади гласови разлика и воедно постана петтиот претседател на Република Македонија.

За Стево Пендаровски гласале 380.946, додека за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова 320.393. Вкупно гласале 727.248 од кои неважечки се 25.909 ливчиња.

Како што изјави и претседателот на МОСТ Дарко Алексов на последната прес-конференција на Граѓанската асоцијација по изборниот ден завршетокот на изборите од ПВТ програмата изнесува 46,55 проценти со маргина на грешка од плус/минус 0,5 отсто, а на гласањето имало 3,56 отсто неважечки ливчиња, рече Алексов. 

Граѓанската асоцијација, денешниот изборен процес го следеше со 1.500 посматрачи распоредени на 1.160 гласачки места по случаен избор односно покри 33 отсто од гласачките места во државата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.