Стинг го коментира Светското првенство

Објавил: admin@magazin | 11 јули, 2018 10:20

Стинг за СП: Турнир организиран од корумпираната ФИФА

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Светски познатиот музичар Стинг во интервју за германскиот весник изјави дека не го засега успехот на англиската репрезентација, и повеќе го сака клупскиот фудбал отколку „националистичкиои турнир организиран од корумпираната ФИФА“.

Поранешниот член на бендот „Полис“ и ревносен навивач на Њукасл, ги изненади Англичаните со својата изјава со којашто без двоумење ја обвини ФИФА за корумпираност.

„Повеќе сакам да гледам клупски фудбал. Светското првенство е обележано со национализам“, вели тој, истакнувајќи дека не е баш среќен поради одлуката ФИФА да го додели организацијата на Русија.

„Тоа беше фарса, по кандидатурата се појави човек по име Путин и ги среди работите“, додава пејачот.

Англија во саботата ја победи Шведска и се пласираше во полуфинале првпат по 1990 година. Натпреварот против Хрватска е в среда.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.