петок, 26 април 2024

MK/ EN/ DE



Светската ѕвезда Стинг (67) во Скопје ќе го има единствениот стадионски концерт од турнејата низ регионот „My songs“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 јуни, 2019 23:55

Концертот на Стинг поместен еден час подоцна во чест на “Вардар”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Концертот на популарната светска ѕвезда Стинг, закажан за утре во 21 часот, ќе биде поместен за еден час подоцна, односно ќе започне во 22 часот, поради финалето на Вардар кое ќе се одржи утре во 18 часот во Келн.

Стинг утре ќе го одржи својот концерт во Скопје на арената „Филип Втори“.

Поради настапот на ракометниот македонски првак Вардар на фајнл-фор турнирот во Келн и важниот натпревар кој се одржува утре, кога македонскиот шампион во ракомет ќе игра во финалето од Лигата на шампионите, организаторот на концертот на Стинг, Авалон продукција, го помести терминот. Имено предвидено е „Влатко Стефановски трио“ кои се специјални гости на концертот, ќе настапат од 20,30 часот.

Иако финалето во Лигата на шампионите почнува во 18 часот, сепак организаторите имаат предвид дека Вардар се бори за првото место па луѓето кои имаат купено билети за Стинг ќе можат без брзање да го изгледаат натпреварот во целост па да се упатат кон стадионот.

Светската ѕвезда Стинг (67) во Скопје ќе го има единствениот стадионски концерт од турнејата низ регионот „My songs“.

Стинг по втор пат го стави Скопје на мапата на својата турнеја низ регионот „My songs“. „Englishman in New York“, „Fields of gold“, „Shape of my heart“, „Every breath you take“, „Roxanne“, „Message in a bottle“ се само некои од легендарните песни кои што ќе можат да се слушнат вечерта во Скопје, во изведба на една од најголемите рок ѕвезди на светот на сите времиња.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.