Дали ова е соживотот што Стојанче Ангелов го промовираше ?

Објавил: Узунов Бобан | 19 февруари, 2019 11:17

Стојанче Ангелов избркан од кафетерија во Тетово од братучедот на Хазби Лика

Фото/Текст извор: ©курир.мк/магазин

Медиумите на албански јазик пишуваат дека братучед на вице-премиерот задолжен за охридскиот Договор, Хазби Лика, го избркал од кафуле во Тетово Стојанче Ангелов.

Според очевидци во едно од кафулињата во Тетово, седеше поранешниот лидер на бранителите Стојанче Ангелов, и кога братучедот на Хазби Лика го видел го избркал Стојанче кафетеријата!

Ангелов е роден во 1972 година во Штип. Таму завршил основно и средно училиште, потоа во Скопје завршил Факултет за безбедност. Се вработил во МВР како приправник за полицаец во Штип. Во март 1996 почнал да работи во специјалната полиција, каде што околу една година работел како полицаец, две години бил командир на одделение, две години командир на вод, па оттаму бил преместен во Радуша, каде бил водич на сектор.

Порталите на албански јазик пишуваат дека пред да ја објават веста, контактирале со човекот кој го избркал Ангелов и дека истиот ја потврдил нивната информација.

Но, се уште не се знае и не се кажува вистинската причина за оваа случка.


Во меѓувреме на неговиот фејсбук профил се огласи и Стојанче: „Оваа вест е лажна! Освен келнерот од кого порачавме кафе и кој ни донесе кафе, нико дуг ниту ми пријде ниту ми проговори. Сведоци се келнерот, двајцата мои пријатели кои беа со мене од кое едниот Албанец и уште неколку лица кои беа внатре во локалот.

Доста ширите oмpaза, треба да живееме заедно во мир. Поздрав до сите.“ – напиша Стојанче Анеглов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести