Меркел и Макрон им посочиле на делегатите од шестте земји дека мора да ги средат внатрешните работи во своите земји 

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 април, 2019 10:29

Студен туш од Макрон и Меркел- мали се шансите за брз влез во ЕУ, прво средете ги внатрешните работи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Разочарувачки пораки на конференцијата која се одржа во Берлин, добија вчера земјите од Западен Балкан.

Домакини на конференцијата беа францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, пишува „Фајненшл тамјс“ во анализата насловена „Франција и Германија со студен туш кон балканските надежи за итно пристапување во ЕУ“.

Како што пишува весникот Меркел и Макрон им посочиле на делегатите од шестте земји дека мора да ги средат внатрешните работи во своите земји и отворено им посочиле дека мали се шансите наскоро да и се придружат на Европската унија.

Наводно Макрон се фокусирал на потребата од политичка стабилност во регионот, велејќи дека Париз ќе пружи помош во клучните економски, социјални, безбедносни реформи, како и во областа на владеење на правот, а не преку процесот на проширување, пишува весникот.

„Ќе работиме заедно на стабилноста на регионот. Од 2000 ние се повлековме од регионот, но денес сакаме да работиме заедно“, рече Макрон пред средбата во Берлин со лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Косово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.