Основниот Суд Скопје 1 и по барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, ги крие решенијата за ослободување од куќен притвор на Арнаудов, Мукоски и Василевски

Објавил: Мартин Попоски | 6 ноември, 2018 7:09

Судот ги крие решенијата за ослободените пратеници од куќен притвор?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Основниот суд Скопје 1 одлучи да не му ги даде до медиумите анонимизираните решенија на кривичниот совет за ослободување од куќен притвор за пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов.

Причината поради која судот одлучи да не ги достави бараните решенија е поради тоа во АКМИС системот немало опција за анонимизација на одлуките.

Ве известуваме дека не сме во можност да ви ги доставиме бараните решенија во анонимизирана форма, од причина што АКМИС системот преку кој се врши анонимизација на одлуките нема опција за анонимизирање на одлуките донесени во кривичниот совет. – пишува во одговорот на судот на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Судот одговори дека за судењето за менилите настани во Собранието на Македонија, за обвинетиот Љубен Арнаудов двапати е поднесен предлог за укинување на мерката притвор со гаранција, за пратеникот Сашо Василевски двапати е побарано да се укине притворот со гаранција, а за обвинетиот Крсто Мукоски трипати е поднесен предлог за ослободување со гаранција.

Апелациониот суд донесе одлука со која на обвинетиот Јане Ченто му го одби барањето за со гаранција да излезе од притвор.

Претходно кривичниот совет на скопска единица ја прифати гаранцијата на Митко Чавков, кој излезе со гаранција во имот од над 600 илјади евра, а од притвор со гаранција излегоа и личното обезбедување на Трајко Велјаноски, Горан Ѓошевски Леви, и на поранешниот началникот во МВР, Оливер Поповски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести