Дали оваа поддршка од Претседателот на УМС го најавува победникот на Конвенцијата во Струга

Објавил: Узунов Бобан | 5 февруари, 2019 19:33

Сцнариото почна: Поддршка за Силјановска од претседателот на УМС ВМРО-ДПМНЕ

Фото/Текст извор: ©магазин

Новиот претседател на УМС, Јован Јаулески, е првиот од ВМРО-ДПМНЕ кој само неколку часа по објавата на имињата кои се пријавиле на огласот за претседателски кандидат на оваа партија, даде јавна поддршка за професорката Гордана Силјановска Давкова. 

 

Тој на Фејсбук напиша дека таа му била професорка по Уставно право и оти отворено ја поддржува во пресрет на Конвенцијата.

„Како Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ давам лична и отворена поддршка за кандидатурата на професорката Гордана Силјаноска Давкова на претстојната Конвенција за избор на претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во Струга. Професорката Силјаноска која имав и чест лично да ја запознаам и да учам од неа, како нејзин студент по Уставно право е голем педагог, чесен и одговорен човек кон секоја работа која ја работи. Професорката е синоним за одбрана на Уставот и уставниот поредок. Како човек кој потекнувам од Струга, многу убаво се сеќавам кога професорката застана во одбрана на уставноста и се изјасни против Законот за територијална поделба, кој и нанесе големи штети на државата, професорката застана на браникот на уставноста и при гласањето на законот за двојазичност, против кој изразито се спротивстави и на чија неуставност укажа. Професорката е безкомпромисна кога се работи за правото ова го докажа и при застанувањето против договорот од Преспа со кој се менува уставното име на државата. Јас сум цврсто уверен, дека професорката Силјаноска со своето огромно академско и животно искуство ќе биде вистински Претседател на државата, која ќе ги брани Уставот и законите и секогаш ќе се води првенствено од интересот на граѓаните“, напиша Јаулески

Дали поддршката од претседателот на УМС ВМРО-ДПМНЕ е потврда дека Гордана Силјановска е фаворит на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и во наредниот период се очекува и нови поддршки од партиски функционери. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.